Од кај ти е жената, од таму ти се роднините- Том Хенкс стана грчки државјанин – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 9:38 AM

Од кај ти е жената, од таму ти се роднините- Том Хенкс стана грчки државјанин

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон официјално официјално станаа грчки државјани и на фотографијата на социјалните медиуми објавена од грчкиот премиер го покажува  парот како гордо ги држат своите нови пасоши.

Двојката и нивните деца станаа почесни грчки државјани минатата година, откако официјалните претставници ја истакнаа улогата на Хенкс во подигнување на свеста за пожарите во 2018 година, кои уништија области околу Атина и однесоа повеќе од 100 животи.

Сега грчкиот претседател ја потпиша нивната почесна натурализација и тие добија грчки пасоши

https://www.instagram.com/p/CDGDHiODHhN/?utm_source=ig_embed

„Том Хенкс е личност која покажа вистински интерес за луѓето кои пропатија поради пожарите и зборуваше за тоа на глобално ниво во медиумите“, рече грчкиот министер за внатрешни работи Такис ​​Теодорикакос за Си-Ен-Ен во декември.

Вилсон, која е делумно од грчко потекло, и Хенкс, кои се преобрази во грчко православие, често ги поминуваат годишните одмори во Грција, каде што имаат имот на островот Антипарос.

Тие исто така имаат изработено неколку филмови кои имаат силна врска со Грција, како што е „Мојата грчка свадба“.

„Грција е рај … Јас сум бил низ целиот свет, сум бил на најубавите места во светот, ниту еден од нив не ја надминува Грција“, рече Хенкс оваа година, на доделување на Златните глобуси.

„Земјата, небото, водата е за душа, тоа е место кое лекува“, додаде тој.

Извор: index.hr