Здравко Чолиќ е еден од најпопуларните музичари во оваа област, а само мал круг на неговите пријатели и семејство знаат вистински каков е. Здравко сите го сакаат и се смета за вистински господин, а тоа го покажа и овој пат, објаснувајќи им на сите колку ја почитува својата публика.

Една негова обожавателка, која го придружуваше на сите негови концерти низ поранешните Ју републики, за жал почина, а Здравко, без никаква медиумска помпа, отиде да го посети нејзиниот гроб и да и да и однесе цвеќе. Други пејачи веројатно би поканиле бројни новинарски тимови, но не и Здравко Чолиќ.
Овој пат, случајно беше фотографиран од еден од неговите обожаватели, кој во тоа време бил на гробиштата:

– По концертот во Бања Лука, Здравко Чолиќ не ја заборави Мајда Арнаутовиќ, неговата обожавателка од Бања Лука, која го придружуваше на концерти во земјите од поранешна Југославија цели четириесет години – се наведува во објавата.
Извор: alo.rs


