Време: Почнува изгор-лето – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 6:00 AM

Време: Почнува изгор-лето

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 36 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Под влијание на многу топла воздушна маса, во текот на оваа работна седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.