Судијата го сакал дресот на Роналдо – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/18 11:09 AM

Судијата го сакал дресот на Роналдо

Американскиот судија Мајк Гергер, кој ја делеше правдата на дуелот од групата Б, помеѓу селекциите на Мароко и Португалија, сакал да го добие дресот на Кристијано Роналдо.

Слушнав од Пепе дека судијата го сака дресот на Роналдо. Мислам дека вакви работи на еден Мундијал се неверојатни. Очигледно е дека судијата бил импресиониран од Кристијано. Сепак, треба да знае дека ова е Светско првенство, а не циркус, изјави мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат.

Португалија го доби натпреварот со 1:0 со голот на Роналдо и го остави Мароко без никакви шанси за пласман во следната фаза.