Новата програма е за секој што сака да остане во Грузија повеќе од шест месеци, потенцирајќи дека животот сè уште е релативно ефтин.
Целта е да се привлечат работници од целиот свет да доаѓаат во оваа земја, а Грузија ќе ги смета за нова работна база. За повторно отворање на земјата и привлекување странци, владата на земјата им дозволува на странските државјани да влезат во земјата со специјален план за работа од дистанца. Проектот, започнат од владата, е насочен кон самовработување, за оние кои имаат можност да работат од далечина.

Граѓаните на другите земји кои сакаат да одат и да работат во Грузија, мораат да добијат потврди и да ветат дека ќе останат во 14 дневен карантин по влегувањето. Луѓето кои ќе влезат во земјата мора да го финансираат својот карантин сами.

Лебот се продава таму по цена пониска од 15 денари, додека половина литар пиво чини малку повеќе од 30 денари.
Целта е да ги охрабрат работниците од целиот свет да дојдат во оваа земја и нема ограничувања – апсолутно сите луѓе во светот, без оглед на државјанството и нацијата, можат да работат таму!
Извор: blitz.bg


