Наместо смртна казна – на осум затвореници во Калифорнија им пресудил коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/20 9:15 AM

Наместо смртна казна – на осум затвореници во Калифорнија им пресудил коронавирусот

Осум затвореници осудени на смртна казна во најстариот калифорниски затвор „Сен Квентин“ – во кој дури две третини од затворениците се заразени, починале како последица на коронавирусот.

Како што пишува „Дејли Мејл“, во затворот од почетокот на пандемијата се регистрирани 14 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

На смртна казна во затворот се осудени 717 лица.