Нов симптом на Корона, што научниците го предвиделе а се јавува кај помладите – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/20 10:56 AM

Нов симптом на Корона, што научниците го предвиделе а се јавува кај помладите

Научниците тврдат дека вирусот корона исто така може да предизвика проблеми со слухот кај луѓе кои претходно немале проблеми со слухот! Првиот ваков случај беше откриен кај една постара жена во Тајланд – дури и кога респираторните проблеми се повлекле, проблемите со слухот останале.

„Губењето на слухот како резултат на  Ковид-19 никогаш не е забележано во литературата“, рекоа турските научници, коментирајќи го извештајот од Тајланд.

Сепак, подоцна беше објавена друга студија, во која 20 асимптоматски пациенти заразени со Ковид-19 развиле проблеми со слухот. Тие биле меѓу 20 и 50 години, а пред тоа немале никакви медицински проблеми со слухот.

После тоа, во јуни, иранска студија забележала шест лица заразени со Ковид-19, на возраст од 22 до 40 години, кои имале благи симптоми на болеста и кај кои дошло до проблем со слухот. Четири од нив имаа тинитус (бучава или ѕвонење во ушите), две вртоглавици (губење на рамнотежа поврзана со слухот) и сите пријавиле и дека послабо слушале на едното уво.

Ирански оториноларинголог рече дека овие симптоми, најверојатно, директно се поврзани со вирусот  корона. Тој исто така вели дека видел многу пациенти кои претходно немале проблем со слух или рамнотежа, и кои ги развиле заради Ковид-19.

Медицинскиот факултет „Џонсон Хопкинс“ исто така потврди дека кај одредени пациенти го откриле вирусот корона во средното уво и мастоидната коска која се наоѓа зад увото.

Извор: espreso.rs