Жељка (39) и Небојша (46) Милосављевиќ од Лаќарак загинаа, а нивните два сина, на возраст од осум и 11 години, се повредени кога автомобилот „форд фокус“, во кој се наоѓале, удрил во возот кај Шабац при враќање од ормор во Бања Ковиљачи. Ужасната несреќа се случи вчера.
– Милосављевиќ се враќале во Лаќарак од Бања Ковиљача, каде биле на одмор, и кога стигнале до преминот каде нема рампа, но има семафори, место да застанат, тие продолжиле и возот се удрил во нив – вели извор за курир.рс
– Машиновозачот им свиреше и се обде да закочи, но, за жал, автомобилот не успеа навреме да ја премине пругата. Сцената беше страшна, возот буквално го влечеше автомобилот 40 метри, а потоа слета во ливадата – вели нашиот соговорник. Очевидци на несреќата изјавиле дека децата цело време биле свесни и дека трчале да помогнат кога слушнале ужасен тресок.
Сведоците виделе грозна глетка, обезглавеното тело на жената, лежело во тревата, додека мажот зад воланот уште кратко бил жив и починал. Нивните двајца мали синови биле свесни на задното седиште, сериозно повредени и во шок.

– Од автомобилот се слушаше врисок на момчиња, тие плачеа и повикуваа за помош. Јадни дечиња, гледаа како им умираат мајка им и татко им. Поради силата на ударот, нивната мајка паднала од автомобилот и починала на лице место, додека нивниот татко останал заробен во остатоците од автомобилот, тој бил жив неколку минути, но набргу починал. Беше грозно за гледање, како сцени од хорор филмови – велат очевидци.
– Ние некако ги извлековме дечињата од автомобилот, а телата на родителите ги покривме со чаршафи, бидејќи беше очигледно дека им нема спас. Од шокот сè уште не можеме да се освестиме. Две екипи на брза помош и полицијата брзо пристигнале на местото на несреќата.
– Децата биле пренесени во болницата во Шабац и се во стабилна состојба, додека лекарите можеле само да констатираат смрт на нивните родители.

Соседите на семејството Милосављевиќ од Лаќарак вчера биле во шок поради несреќата.
– Знаеме дека заминаа на одмор и дека требаше да се вратат. Тие во куќата живеат со родителите на Нбојша, сестрата и нејзиното дете. Ова е ужасна трагедија, многу сме потресени – изјавиле мештаните.
На профилите на Фејсбук на Жељка и Небојша, може да се видат фотографии од одморот што ги објавиле само 12 часа пред несреќата. Во своите коментари, нивните пријатели напишале дека се прекрасно семејство, а Жељка дури изјавила дека требало да патуваат во Босна, но заради ситуацијата со коронавирусот, тие го смениле планот и се решиле за Бања Ковиљача.
Текст и фото: kurir.rs


