Патешествието на поранешниот англиски репрезентативец и освојувач на Премиер Лигата и Лигата на шампионите со Ливерпул завршува, откако Адам Лалана се согласил од следната сезона да го носи дресот на Брајтон.
Лалана на југот на Англија се сели како слободен играч, а токму местоположбата на малиот клуб е една од причините за ваквиот потег на напаѓачот, за да биде поблиску до семејството кое се наоѓа исто така во тој дел од земјата, во Саутемптон.
Триесет и двегодишниот фудбалер ќе потпише тригодишен договор со екипата на Грем Потер и ќе се обиде следната сезона да му помогне на Брајтон да опстане уште една во Премиер Лигата.
-Би било несреќно доколку не добијам шанса да се опростам како што доликува. Но сигурен сум дека кога ќе се вратам на „Енфилд“, ќе дадам се од себе за да ги освојам трите бодови со мојот тим. Сигурен сум дека тие ќе ме пречекаат одлично и тоа ќе биде убава прилика да им се заблагодарам и да им кажам збогум на навивачите, изјави Адам Лалана.
Последното коло во Премиер Лигата ќе се одигра утре од 17:00, а Лалана ќе има прилика против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ за последен пат да го облече дресот на Ливерпул.


