Борбата за титула е практично завршена, победа на Јувентус против Сампдорија, без разлика на резултатите на конкурентите Аталанта и Интер, го носи Јувентус до деветтото последователно Скудето. Борбата за Лигата на шампионите исто така практично е завршена, со оглед на тоа дека Лацио му „бега“ на вечниот ривал Рома девет бодови, на три натпревари до крајот на сезоната.
Но, ако нешто е интересно во финалната фаза на најдобрата италијанска лига, тоа е борбата за опстанок. Џенова на македонскиот ас Горан Пандев се наоѓа на 17-то место на табелата и на три кола до крајот има предност од четири бодови пред осумнаесеттиот Лече. Со победа над екипата на Конте, македонската фудбалска легенда можеби ќе размисли за одлуката за пензионирање од клупскиот фудбал и ќе продолжи уште една година во Сериа А и Џенова. Мечот помеѓу овие две традиционални екипи од Калчото, на програмата е од 19:30.
Уште еден меч на денешната програма каде што е инволвиран македонскиот репрезентативец, е мечот помеѓу Наполи и Сасуоло, односно дуелот помеѓу седмо и осмопласираниот на табелата. Наполи откако го освои италијанскиот куп, нема дополнителен императив за игра, земајќи го предвид фактот што победникот во купот има обезбедено директно учество во Европа Лига.
Шансите за Лигата на шампионите, одамна клубот на Гатузо ги имаше загубено. Елиф Елмас, кој сезонава често се наоѓа во ротацијата на Џенаро Гатузо, се очекува да стартува на овој натпревар, кој ќе заземе место од 21:45 на денешната понуда од Калчото.