Обучени 15 наставници од Крива Паланка и Ранковце за основи на спорт за развој – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/20 3:25 PM

Обучени 15 наставници од Крива Паланка и Ранковце за основи на спорт за развој

На дводневната работилница што се одржа изминативе два дена во Општина Ранковце беа обучени петнаесетина наставници од Крива Паланка и Ранковце за основи на спорт за развој.

Обуката на тренери за Спорт за развој” ја проследија наставници и професори од двете општини кои преку презентации и практични сесии со игри се запознаа со проектот и терминот „Спорт за развој“, разликите помеѓу професионален спорт и спорт за развој, социјална инклузија преку спорт, креирање спортска програма за социјална инклузија, основи и правила за фризби, креирање  безбедни места за младите од руралните средини и улогa и одговорност на еден тренер за спорт за развој.

-Во изминатите два дена се одржа основна обука за спорт за развој за наставниците од основните училишта од Крива Паланка и околните рурални средини. Обуката  ја реализираше експертката надица Јовановиќ заедно солокалните инструктори од партнерството „Спорт за сите” кои го пренесоа своето знаење стекнато од минатогодишните обуки со кои сме особено горди, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ, здружение за унапредување меѓусебна доверба.

Програмата „Спорт за развој” се реализира втора година во земјава, ја имплементира ТАКТ, со поддршка на ГИЗ, а освен во Крива Паланка која лани беше пилот општина, дополнително оваа година е вклучена и општина Карпош.

Во рамки на проектот ќе се спроведат обуки за наставниците од основните училишта, ќе се реализира втората фаза од обука за менторите и ќе се направи мрежа тренери спорт за развој.  Предвидено е уредување на една спортска локација, креирање и одржување спортска програма во домот за ученици „Боро Менков”, Крива Паланка, активности во училиштата и одржување на  меѓународен летен камп за деца.