Лекарите од Центарот за онкологија во Одеса решија да заработат дополнителни пари со инсталирање на скриени камери во ординациите. Гинеколозите ги снимале прегледите на пациенти, а потоа ги продавале видеата на странски порно сајтови.
„Бизнисот“ на лекарите траел околу една година, сè додека една од жртвите не наишла на видео во кое се препознала. Во видеото, таа го препознала и лекарот и самата себе си. Таа потоа отишла во полиција за да даде изјава и да ги пријави несовесните лекари.
По пријавата, полицијата упадна во ординацијата. За време на претресот во ординацијата, тие пронашле цела архива на порнографски видеа: флеш дискови, хард дискови – сите снимки биле снимени со скриена камера.
Против лекарите е поведено кривично дело .
Извор:здраве.то