20 македонски сообраќајни правила – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/18 11:02 AM

20 македонски сообраќајни правила

  1. Свирењето во секој случај ќе го убрза сообраќајот
  2. Црвено е само ако има полиција наоколу
  3. Постојано се преиспитува кој им дал возачка дозвола на другите учесници во сообраќајот
  4. И кој им дал нозе на пешаците
  5. 200 денари за такси е многу, 200 евра казна за алкохол во крвта е ок
  6. Додека стигнеш од точка А до точка Б ебеш по просек 23 мајки на други учесници во сообраќајот
  7. Сѐ е паркинг
  8. Секој шо вози побрзо од тебе е кретен, секој шо вози побавно од тебе е пичка
  9. Автомобилот е подвижна телефонска говорница
  10. Пешаците имаат предност на пешачки само ако се во униформа на МВР. Иначе кој ги ебе
  11. Амбулантата и полицијата немаат предност затоа што твоето време е приоритет
  12. Секогаш ко ќе видиш полоша кола од твојата превтуваш очи и се нервираш што дозволија увоз на германски стари коли
  13. Секогаш ко ќе видиш некој со подобра кола помислуваш од каде пари и му ебеш мајката
  14. Во гужва знаеш како за 15 минути да го промениш ДУП-от на градот и да ги средиш сообраќајните метежи
  15. Шмекаш на црвено
  16. Твојата гласна музика е ок, туѓата гласна музика е сељачизам
  17. Имаш освежувач на воздухот од МВР и секогаш кога ќе има полиција им креваш рака, демек здраво колеги. Сепак ти пишат казни
  18. Во нов автомобил не се пуши. Првите три часа
  19. Ременот е непотребен декор
  20. Ако пуштиш четири жмигавци можеш да ја оставиш колата каде што сакаш
  21. Секогаш потенцираш дека подобро возиш пијан

Преземено од: Паника.Бе