Џејсон Кид главен кандидат за тренер на Никси – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/20 2:33 PM

Џејсон Кид главен кандидат за тренер на Никси

Откако преговорите со порнешниот тренер на Минесота Тимберволвс, Том Тибодо, застанаа и нема напредок на тоа поле, познатата НБА франшиза од Њу Јорк се обидува да го ангажира Џејсон Кид.

Њу Јорк Никс во последно време имаат низа проблеми со тренери, играчи, пикови на драфтот и никако не можат да влезат во едни помирни и постабилни води и конечно да се вратат на врвот во најдобрата светска лига.

Според Стефан Бонди од „Њу Јорк Дејли Њус“, челниците на Никси стапиле во контакт со некогашниот плејмејкер на Њу Џерси Нетс и Далас Маверикс и очекуваат дека од следната сезона тој ќе биде на чело на тимот.

Раководството на „франшизата која тоне“ во ангажирањето на Кид не гледа само ангажирање на добар и млад тренер со искуство, туку гледа и кошаркарско име кое ќе може да привлече слободни агенти и кошаркари со себе.

Но, сепак, иако Кид во моментот претставува фаворит број еден, Тибодо стои како опција, исто како и Мајк Милер.

Кид сега се наоѓа во Орландо и ја врши функијата асистент во Лос Анџелес Лејкерс.