Балканските медиуми за уривањето на сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора од македонски хакери – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/20 8:24 AM

Балканските медиуми за уривањето на сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора од македонски хакери

Многу балкански медиуми информираат за уривањето на сајтовите на пејачките Дуа Липа и Рита Ора од македонски хакери, а во тоа предничат медиумите од Србија и од Црна Гора.

Еве само дел од насловите на текстовите: „Урнати сајтовите на косовските пејачки, но не ги хакираа Срби – изненадување!“ (Мондо); „Македонските хакери ги урнаа сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора, со порака – „Косово е веќе дел од Србија“ (Телеграф); „Стигна одмазда: Македонски хакери го хакираа сајтот на Дуа Липа“ (Блиц); „Ние не простуваме: Урнат сајтот на Дуа Липа“ (Информер); „Дуа нека липа, Рита нека ора: Македонски хакери ги урнаа сајтовите на албанските пејачки“ (Спутник); „Македонски хакери ги урнаа сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора“ (РТ Црна Гора), „Братска одмазда: Македонските анонимуси ги хакираа сајтовите на Рита Ора и Дуа Липа…