И покрај коронавирусот, и во Србија во првите шест месеци од годинава помалку починати од лани – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/20 7:38 AM

И покрај коронавирусот, и во Србија во првите шест месеци од годинава помалку починати од лани

Во првата половина од оваа година се родија помалку бебиња, но и починаа помалку луѓе од истиот период лани и покрај пандемијата, пишуваат српски медиуми.

Спред последните податоци на Републичкиот завод за статистика на Србија, од почетокот на јануари до крајот на јуни годинава бројот на родените изнесувал 29.314 (312 помалку од лани), а бројот на починатите во истиот период изнесувал 51.569, за 740 помалку од првата половина на минатата година.