Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Максималната температура до 37 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре нестабилно ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата со појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник времето ќе биде претежно сончево со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела. В четврток се очекува максимална температура и до 40 степени.



