Мислите дека сте „црна овца“ во семејството? Тоа може да донесе неколку придобивки – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 10:08 PM

Мислите дека сте „црна овца“ во семејството? Тоа може да донесе неколку придобивки

Да бидете поразлични од останатите во семејството, воопшто не е лоша работа. Кога ќе слушнеме дека некој е „црна овца“ во семејството, често помислуваме дека тоа е некоја чудна или проблематична личност, поврзувајќи го нејзиниот карактер со негативна конотација. Во повеќето случаи сепак тоа е погрешно. Таканаречените „црни овци“ се поразлични, но во позитивна смисла.

Еве кои се позитивните работи во тоа да бидете поразлични од вашите блиски родини:

Слободни сте во донесувањето на сопствените одлуки

Сите ние сакаме негде да припаѓаме, но понекогаш за да имаме чувство на пропадност мораме нешто да жртвуваме. За да ве прифатат членовите на семејството, понекогаш мора да го поттиснете вашето вистинско лице спречувајќи се самите себе во правењето на она што според вас, е исправно. Ако сте „црна овца“ во семејството можете самостојно да ги носите вашите одлуки, без да мора некој друг да правите задоволен. Нема да мора да правите компромиси кога се во прашање вашите вредности и уверување и ќе можете да останете искрени кон самите себе, без некој да ве контролира.

Различноста ќе ве оддалечи од токсичните луѓе

Да се чувствувате како „аутсајдер“ во сопственото семејство може да биде неудобно чувство. Сепак, кога роднините сакаат да се вклопите во нивните стандарди и да ги следите нивните уверувања, тоа може да се одрази на вашето ментално здравје. Оддалечувањето од таквите личности, може да биде добра работа за вас.

Независни сте

Кога сте поразлични од останатите во семејството, тоа ве учи да бидете независни. Понекогаш не можете да им верувате на роднините кога сакаат да ви помогнат да донесете одредена одлука. Затоа најдобро е да се потпрете на самите себе. Освен тоа ќе научите како да се справувате со своите проблеми, бидејќи ќе сфатите дека помошта од останатите може да ја направи ситуацијата потешка и уште повеќе ќе зависите од нив.

Посилни сте

Неприфаќањето од страна на членовите на семејството може само да ве подготви за одредени тешки животни ситуации.  Вашата способност да се изборите за себе и за она во што верувате нема да ви даде да се скршите дури и во тешко моменти, а ако некој ве критикува ќе знаете како да се соочите со тоа.

Похрабри сте

Да се изборите за себе и за она во што верувате без да се прилагодувате на останатите, бара голема храброст. Тоа често значи дека ќе мора да се соочите со критики па дури и со разочараност. Ова всушност, би можело да ве направи похрабри одошто очекувате.

 

Извор: zena.rtl.hr