Најголемата тајна за среќен живот се состои во тоа да соберете храброст за да направите драстични промени. Иако промените често предизвикуваат страв, непријатното чувство на неизвесност и несигурност, тие се најважната насока во рамките на животното патување. Понекогаш мораме да се откажеме од одредени навики, работи и луѓе за да бидеме среќни. Тоа е тежок процес и изгледа како страшен чекор кој со години избегнувате да го направите, но важно е да знаете дека понекогаш треба да донесете тешки одлуки за да бидете среќни на долг рок.
За кои одлуки треба да размислувате ако сакате среќен живот:
Ослободете се од стравот од туѓото мислење
Дали често ве ограничува мислењето на другите луѓе? Дали пред донесувањето одредени одлуки размислувате за тоа каков поглед на работите ќе имаат луѓето од вашето опкружување? Дали се откажувате од вашите планови, бидејќи се плашите од критики? Време е да почнете да се слушате себеси, односно своето срце. Време е да почнете да ги остварувате своите желби, без страв од туѓото мислење. Само вие имате контрола и моќ да им дозволите на луѓето да имаат влијание врз вашиот живот. Имате право да ги бирате односите што ќе ве мотивираат и поттикнат да продолжите напред.
Свесно фокусирајте се на сегашниот момент
Бидете свесни за тоа дека вашите грижи во моментот во повеќето случаи нема да ви влијаат на иднината, но и дека минатото е далеку зад вас. Направете се што можете во моментот за да може вашата цел да се оствари. Фокусирајте се само на тоа, наместо да размислувате за тоа што ќе донесе утрешниот ден. Поделете ја секоја ваша цел на неколку помали чекори и работете на нив постепено. Не е важна брзината со која се движите кон остварувањето на целта, туку начинот на кој го градите патот што води кон нејзиното остварување.
Секој ден е прилика за нов чекор
Секој ден правете по еден мал чекор, кој би можел во вашиот живот да создаде голема позитивна разлика. Не очекувајте дека животот ќе се промени преку ноќ, но секако со секој нов чекор сте поблиску до зацртаните планови.
Не сфаќајте сѐ лично
Во текот на животот повеќе пати може да се разочараме, некој да не’ повреди или да доживееме нешто непријатно. Иако таквите искуства се болни, тие се составен дел од живеењето. Сите понекогаш правиме грешки. Кога нешто или некој ќе ве повреди, не сфаќајте го тоа премногу лично. Многу луѓе ги повредуваат другите бидејќи и самите не знаат да ги излечат раните на својата душа. Затоа единственото решние за ваквата состојба е простувањето и слободното продолжување во животното патување.
Создадете здраво опкружување
Таканаречените „енергетски вампири“ кои ја црпат вашата енергија и прават да се чувствувате лошо, не заслужуваат да бидат дел од вашето опкружување. Без разлика дали се работи за пријател, роднина или колега, никому не смеете да му дадете за право да ги ослабне вашите енергетски вибрации, но и да ве одврати од идејата за остварување на соновите. Дозволете им на луѓето да ве советуваат, но останете доследни кон она што знаете дека ќе ви донесе среќа.
Барајте поддршка на вистинската адреса
Не барајте помош и поддршка од луѓето што не се во можност да ви го обезбедат тоа. Не барајте потврда од луѓето кои се несигурни и во самите себе, но и полни со страв.
Дозволете си да бидете несовршени
Никогаш не треба да криете или поттиснувате тагата. Прифатете се себеси такви какви што сте, овозможете си доволно време и дозволете си да бидете несовршени. Сите чувства се сосема нормални, а како ќе се ослободите од перфекционизмот ќе почувствувате дека од рамењата ви паѓа огромен товар.
Извор: lovesensa.rs