Десет знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 8:41 PM

Десет знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа

Ако вашиот сексуален живот во моментот е исклучително возбудлив, значи дека сте ја пронашле својата сексуална сродна душа. Кога со таа личност сте завршиле во кревет за првпат, сте имале чувство дека е поразлично. Можеби сте сметале дека е подобро да не зборувате за тоа колку ви е феноменално со таа личност за да не тргнат работите наопаку, но токму тоа е и разликата помеѓу лудиот секс за една вечер и сексот со вашата еротска сродна душа. Едноставно, со неа сексуалната привлечност не бледее. Клучот за ова лежи во поврзаноста меѓу вас. Кога ќе ја пронајдете сексуалната сродна душа, сите потребни компоненти за феноменален сексуален однос, доаѓаат на своето место.

Прочитајте кои се знаците дека сте ја пронашле сексуалната сродна душа и проверете во колку од нив ќе се препознаете.

Не ви е до излегување

Кога ќе ги отфрлите плановите за излегување, со цел да останете дома со вашиот партнер, тоа е сигурен знак. Во тој случај дури и вечерата во омилениот ресторан во споредба со останувањето дома, звучи неинтересно.

Знае што да прави без да му дадете упатства

Сексуалната компатибилност е неопходна за задоволство, а со сексуалната сродна душа, тоа е загарантирано. Усогласени сте и двајцата точно знаете што да направите за да доживеете врвно задоволство.

Ви дава комплименти

Сексуалната сродна душа радо ќе ви даде комплимент, не само во кревет, туку и надвор од него. Тоа е уште еден потсетник дека и најмалото ласкање може да направи чудо.

Сексуалната сродна душа е несебична

Кога сте со таа личност, не ви е потребна причина за да одглумите оргазам. Сексуалната сродна душа ќе ги вложи сите напори, грижејќи се за вашето задоволство.

Ве возбудува дури и најмал допир

Кога меѓу вас постои посебна хемија, дури и допирот со малиот прст може да ве наежи и да ви донесе задоволство.

Вечерта не поминува без допир

Според Psychology Today, инстинктите се поврзани со допирот и кога имате сексуална сродна душа ќе знаете како да ги користите без никакви „упатства“. Допирот всушност, може да има чудесно влијание.

Сакате да искусувате нови работи

Секој доживува возбуда од разни нешта, а експериментирањето со партнерот е забавно кога тој е вашата сексуална сродна душа.

Другите луѓе лесно ја забележуваат хемијата меѓу вас

Кога помеѓу двајца луѓе има луда љубовна хемија, речиси секој во нивното опкружување може тоа да го почувствува. Ако коментарите на вашите пријатели се во оваа насока, голема е веројатноста дека сте ја пронашле личноста која ви е сродна душа од сексуален аспект.

Не фантазирате за други луѓе

Толку сте среќни и задоволни со таа личност, па немате сексуални фантазии со никој друг.

Секогаш знаете дека сте сигурни

Освен слатката љубов која ја делите, знаете и дека доколку во некој момент посакате да престанете, тоа можете да го направите везднаш без прашања. Не можете да градите врска на здрави темели без доверба и сигурност.

 

Извор: lovesensa.rs