Младиот напаѓач на француски Лил, Виктор Осимен, од следната сезона ќе го носи дресот на Наполи во трансфер вреден 60 милиони евра.
Наполитанците по заминувањето на Гонзало Игуаин имаа проблем да најдат негова соодветна замена, обидувајќи се со играчи од крилните позиции да ги конвертира како шпицови и немањето среќа со историјата на повреди на полскиот напаѓач, Аркадиуш Милик.
Нигериецот постигна 18 голови за Лил во оваа кампања и со тоа го привлече вниманието на многу тимови низ Европа. Пред да го потпише Тимо Вернер, Челзи беше еден од заинтересираните за него, а Ливерпул исто така се распрашувал за неговите услуги.
Според италијанските медиуми, трансферот може да достигне и висина од 80 милиони евра, вклучувајќи бонуси за настапи и постигнати голови.
На неговото место во нападот на Лил, кој се квалификуваше за Лигата на шампионите за следната година, ќе пристигне младиот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид. Канадскиот фудбалер ќе потпише договор со Французите вреден 25 милиони евра. Покрај него, искусниот турски играч, Бурак Јилмаз, ќе му се придружи на Дејвид во навалната линија.


