Го подобрува сонот, го намалува стресот, ја регулира анксиозноста и ги намалува болките – легнете, опуштете се и со медитација направете ментално скенирање на телото. Постојат повеќе видови медитации преку кои може да се ослободите од напнатоста, но една од наједноставните е онаа со која свесно може да го скенирате вашето тело, за да ги лоцирате болките или тензиите. На овој начин ќе воспоставите конекција со самите себе. Ќе дознаете што е тоа што лошо влијае на вашето физичко и ментално здравје, а со тоа и кои работи треба да ги задржите или елиминирате.
Оваа медитација помага од повеќе аспекти:
Го подобрува квалитетот на сонот
Го намалува стресот
Ја регулира болката
Помага да се ослободите од лошите навики и зависностите
Почнете со медитација, така што скенирањето на телото ќе го замислите како ментален рендген кој полека патува низ вашето тело. Сместете се удобно. Легнете или седнете во положба што ќе ви овозможи лесно да ги истегнете екстремитетите. Затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Обрнете внимание на вашите бели дробови со секое вдишување и издишување. Потоа, сосредоточете се на еден дел од телото. Почнете од каде што сакате (левата рака, левата нога, десната рака, десната нога или вратот). Сосредоточете се на тоа место од телото додека продолжувате да дишете полека и длабоко.
Сконцентрирајте се, станувајќи свесни за чувството на болка или напнатост.
Поминете 20 до 60 секунди размислувајќи за тоа што чувствувате додека се фокусирате на избраниот дел од телото.
Ако почнете да забележувате болка и непријатност, станете свесни за емоцијата која ја предизвикува непријатноста. Прифатете ги непријатностите без критики. На пример, ако се чувствувате фрустрирани и лути, не осудувајте ги тие чувства. Оставете да поминат.
Извор: lovesensa.rs