Заедничката Југословенска држава не постои, но заедничкиот спомен за битките кои што се водени се уште се живи.
Во неделата, 17 јуни кај Тјентиште во Босна и Херцеговина со низа свечености беше одбележан јубилејот, 75 години од битката кај Сутјеска.
Домаќин на овогодишното јубилејно одбележување беа борците од НОБ на Црна Гора. Тие тука беа присутни со воен оркестар,облечен во воена свечена униформа и едно војничко одделение.
На овогодишното одбележување беа присутни претставници од Задруженијата на борците од НОБ од сите поранешни Југословенски Републики.
Од Македонија, 80 лица,главно питомци од Воената школа за резервни офицери на пешадија (ШРОП), присуствуваа на оваа јубилејно одбележување на Битката на Сутјеска.Тие ден пред тоа, беа на средба на генерации на притомците и офицери на ШРОП што се одржа во Билеча.
На свеченото одбележување говори одржаа претставници на борците,а присутните на оваа одбележување можеа да ја посетат и спомен куќата на Сутјеска која што беше целосно уништена за време на војната во Босна и Херцеговина.
Иако сега со поскромен фонд на експонанти сепак обновувањето на оваа спомен куќа ќе продолжи да го чува споменот на настаните од една од најкрвавите битки во Втората светска војна на Југословенските простори.
Она што можеше да се забележи на оваа одбележување е големото присуство на млади луѓе,родени во периодот по распаѓањето на Југославија.
Триесетдневната битка на Сутјеска во 1943 година била одлучувачка битка на петтата непријателска офанзива, со која југословенските партизани извршиле пробив од оскиниот обрач, растурајќи ги германските сили во близина на реката Сутјеска во југоисточна Босна.
Од околу 18 илјади војници од 16 партизански бригади, загинале повеќе од третина.