Попладне нестабилно време: Невреме проследно со дожд и ветер – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 2:08 PM

Попладне нестабилно време: Невреме проследно со дожд и ветер

Невреме проследено со дожд и ветер, не очекува во попладневните часови. Од Управата за хидро метеоролошки работи информираат дека во моментов како најава за невреме има зад границата кај Крива Паланка и Берово, исто така на буграска страна. Најава во моментов за невреме има помеѓу Дебар и Охрид, во попладневните часови ќе биде нестабилно особено во нашите сервени делови, информира Управата.

„Вчера наврна 15 литри на метар квадратен во Петровец тоа не е воопшто за занемарување, тоа е прв дожд после некој ден. Ако денеска на истото место паднат нови 15 литри  дожд веќе земјата е натопена и тоа е значајна количина. Нестабилно со пороен дожд и грмежи имаме најава за денеска во северните делови. Ако пече сонцето, облаците полека се зголемуваат и ќе има нестабилност и на нашата страна. А утре ќе има невреме, сепак повеќе во северните делови“, изјавија од УХМР за ммс.мк

Невреме се подготвува и кај наште северни соседи. Републичкиот хидрометеоролошки завод во Србија предупреди дека на одредени делови од земјата ќе има невреме. Невремето се очекува во текот на попладневните часови во западна и јужна Србија, проследено со силен дожд, грмежи и град.

Слично невреме се очекува и во Хрватска, каде таму пак е издадено предупредување за целата земја. Црвен аларм каде се очекуваат обилни дождови и невреме проследнео со грмотевици, а се стравува и од поплави.

Габриела Додевска