Денес е првата молитва во Аја Софија во Истанбул, откако неодамна од музеј стана џамија. Додека трае молитвата во дворот на Аја Софија, поради мерките за безбедност и над 20.000 полицајци ја обезбедуваат, отец Пимен, Европскиот митрополит на својот Фејсбук профил напиша:
-Тажно е што некој помислил дека Премудроста, која ја исполнува небесата и земјата, ќе ја покрие со парче платно, напиша тој.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2712432482417502&set=a.1384291288564968&type=3&theater
Отец Пимен го напиша ова по одлуката мозаиците и ииконите во истанбулската Аја Софија да бидат покриени со завеси или ласери за време на петочните молитви, од кои првата се одржува денес.
Го побаравме отец Пимен, кој за mms.mk рече:
-Аја Софија низ вековите се менувала-да, ама кој добива а кој губи од тоа. Не знам што да кажам. Лошо би било да се напрват измени внатре. Мозаиците и иконите внатре немаат цена, тоа би било штета. Зарем треба да се коментира одлуката на некој човек, кој сака да се покаже дека е посилен од се. Ќе кажам само- Фактор Господ! Само тоа ќе кажам. Не е наше да потегнеме крстоносна војна! Најмногу што можеме да напрваиме е да се молиме за зачувување на храмот. И сите оние фрески и икони со религиска, но и уметничка вредност, вели отец Пимен.