Со Заев во Брајчино на домашен ликер и Нина Ангеловска – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 11:30 AM

Со Заев во Брајчино на домашен ликер и Нина Ангеловска

Актуелната министерка за финансии на својот Твитер профил објави фотографија, на која е во друштво со Зоран Заев лидер на СДСМ. Заев веќе објави дека во Преспа е на одмор. Насмеани, на маса Ангеловска и Заев на фотографијата се со чашка домашен ликер. За што ли разговараат?

Ангеловска ја решава дилемата:

-На 230км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје – прекрасното Брајчино. Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место на дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди за секого – плажите на Преспанско езеро се на неколку км, љубителите на планина со час пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките, за шест часа може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2218м..цркви со посебна душа. За овие убавини кои ги нуди нашата татковина, за големиот потенцијал на селскиот туризам разговаравме со Зоран Заев, напиша Ангеловска.

Додека Заев на одомор, од неговата СДСМ одговорија на се’ погласните повици во јавноста за искажаната „грижа“ за составувањето на новата влада. СДСМ во соопштение најави дека преговорите за мнозинството почнуваат по Илинден, до кога раководоството на партијата е на одмор.

 

фото: Твитер