„Корона-парти базен“: Хрват направи летно приспособување на камионот – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 11:29 AM

„Корона-парти базен“: Хрват направи летно приспособување на камионот

Во дворот на семејството Вукое во Дарда кај Осиек, Хрватска, прскање вода, извици, музика, се слуша дека некој плива, а базен нема, барем на прв поглед. Веднаш потоа се забележува дека водата прска на сите страни од приколката на голем камион паркиран во дворот.

Иван Вукое (31), кој со камионот преку годината вози камен за нарачатели, решил летото, кога речиси нема работа, да го пренамени во забен!

„Сопругата долго време ме ’малтретираше’ оти мора да купам голем базен за дворот во кој децата ќе може да се бањаат, па се сетив на нешто што неодамна го видов на Фејсбук. Некои градежни работници некаде во светот, за да се освежат од работата, наполнија со вода приколка на камион. Веднаш ја копирав идејата. Имав дома непропусна градежна фолија, па со пријателите за многу брзо време го приспособивме камионот за овие жештини. Одлично го изведовме сето тоа, па никаде од големата приколка не протекува вода. Го крстивме „корона парти-базен“, кој, освен во дворот, планираме повремено да оди во други маала во населбата за децата да може да го испробаат и да се озвежат“, вели за „24 сата.хр“ Иван.