За мрзеливиот човек секој ден е празник – Честит денот на мрзливоста! – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 11:14 AM

За мрзеливиот човек секој ден е празник – Честит денот на мрзливоста!

Сите си имаат свој ден, па и мрзливоста. Денес е светски ден на мрзливоста. Што значи мрзливост нема на Википедија, во речникот на македонскиот литературен јазик пишува дека е отсуство на нагон за работа (еден од седумте смртни гревови). Но, и не мора никаде да се прочита за мрзливост, ниту да се бара нејзиното значење. Сите на своја кожа ја имаме почувствувано оваа состојба. И убава е ако ретко се случува, но е лоша кога е постојано присутна.

За да го одбележиме денот и во чест на мрзливците прочитајте неколку цитати

Понудете му јајце на мрзлив човек, па ќе сака да го излупите наместо него.  Литванска поговорка

Работете напорно и станете лидери, бидете мрзливи и никогаш нема да успеете.  Библија

Избирам мрзлива личноста за да изврши тешка работа. Затоа што мрзливата личност ќе најде лесен начин да го направи тоа.  Бил Гејтс

Колку што е помрзлив еден човек, толку повеќе планира да се оствари во утрешниот ден. Норвешка поговорка

Единствен момент кога мрзливиот човек успева е кога се обидува да не прави ништо . Еван Есар

За мрзливиот човек секој ден е празник.Турска поговорка

Мрзливите луѓе секогаш се вознемирени кога треба да прават нешто. Лук де Клапиерс

Мрзливоста не е ништо повеќе отколку навика за одмор пред да се уморите. Жил Ренар

Не можете да ги научите луѓето да бидат мрзливи, тие или се или не се. Дагвуд Бамстед

Работата е закон за модерниот свет, каде што нема место за мрзливите луѓе.  Михаи Еминеску

Мрзеливоста е праоснова на секоја среќа и крај на секоја филозофија.

Нема ништо полошо од празен ум.

Секој сака да биде некој. Никој не сака да се мачи за тоа.

Нема посрамен или полуд занает од денгуба, безделничење и мрзеливост. Доситје Обрадовиќ

Успиена лисица нема да фати пилешко. Бенџамин Френклин

Постојат само два извора на човечки пороци: мрзеливост и суеверие, а има само два добродетели: работа и ум.

Нема позапослени луѓе од оние кои нема да направат ништо. Молиер

Мрзеливоста е толку бавна што сиромаштијата лесно ја поминува. Бенџамин Френклин

Мрзеливоста толку бавно чекори,  што сиромаштијата брзо ја престигнува.

Злобниот дух царува во слободно време. Шилер

Како што железото ‘рѓа ако не се користи, а водата се расипува дури и кога зимата ќе ја заледи, така и човечката способност се уништува без вежбање.

Не само мрзлив оној што не прави ништо, туку и оној што може да направи повеќе. Платон

Скогаш се се чини невозможно додека не направите. Нелсон Мендела

Немојте да бидете мрзливи затоа што мрзеливоста е најголемиот непријател на доблеста. Кинеска поговорка

Срамете се ако себе си се сметате за невработен.Бенџамин Френклин

Мозокот на невработен човек е омилено место за  престој на ѓаволот. Лав Толстој

Не дозволувајте Сонцето да ве погледне и да ви рече: Тоа е тој, озлогласен и срамен! Бенџамин Френклин

Нема поголеми аскети од мрзливи луѓе. Од што се тие се одрекоа,во што се не учествуваа, од какви сезадоволства не се одрекоа сами – само затоа што се мрзливи.  Душко Радовиќ

Работата го продолжува животот на човекот, а мрзаата го скратува животот на неработникот.

Хипокрит

Мрзливата младост создава стар просјак. Алехандро Гилермо Ромерс

Или работи па имај, или исчезни да те нема. Александар Гарос и Алексеј Евдокимов

Мрзеливоста е гнездо на ѓаволот. Александар Гарос и Алексеј Евдокимов

Мозокот на невработен човек е омилен престој на ѓаволот. Лав Толстој

Оној што не прави ништо, има многу време. Лав Толстој

Никогаш не вознемирувај друг со она што можеш да го направиш сам. Лав Толстој

Фото: gizmodo.co.uk