Во светот во моментот живеат околу 7,8 милијарди луѓе. Се очекува тој број да порасне во следните неколку децении и во 2064 година да достигне 9,7 милијарди, пред да падне на 8,8 милијарди во 2100 година.
Тоа се новите податоци од последните истражувања објавени во списанието „The Lancet“, а пренесува сараевски „Дневни аваз“.
„Последен пат кога дојде до намалување на глобалата популација беше во средината на 14 век поради чума. Ако нашата прогноза е точна, ова сега ќе биде првпат да се намали светското население поради опаѓање на плодноста, за разлика од некогашните кога причини биле епидемиите или гладта.
Во дури 23 светски земји до 2100 година се очекува пад на населението за повеќе од 50 отсто. Во Кина дотогаш, според истражувањето, популацијата треба да опадне од 1,4 милијарди на само 732 милиона. Зголемување на жителите треба да има во Северна Африка, на Блискиот исток и најмногу во субсахарска Африка, која во која во следните 80 години за трипати ќе го зглеми населението.