Во Судот во Велес денеска почна судењето на поранешниот претседател Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски. Неговите адвокати побараа од судечкиот совет да му се укине притворот, бидејќи според нив, судијата Панчевски има имунитет.
Судечкиот совет, со кој претседава судијката Валентина Ѓеоргиева даде пауза со цел да се провери дали му е одземен имунитетот на судијата Панчевски.
Панчевски треба да одговара за злоупотреби на АКМИС системот.
На последното рочиште на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. После пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
МИА