Излета автомобил кај Кадрифаково – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 10:43 AM

Излета автомобил кај Кадрифаково

Синоќа во 22.30 часот на регионален пат Штип – с.Кадрифаково, патничко возило „сеат ибица“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(57) од Скопје, изгубило контрола и удрило во заштитна ограда, соопшти МВР.

По незгодата, Д.А. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.