МВР соопшти дека на 23.07.2020 околу 10.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред исклучокот за с.Лешок, тетовско, во објект во изградба на магистрален пат Тетово – с.Јажинце, додека Ш.Ш.(42) од с.Ѓермо и Д.Д.(27) од с.Радиовце, општина Брвеница изведувале градежни работи во фирма сопственост на П.Б.(70) од Тетово, се здобиле со повреди.
По незгодата лицата биле пренесени во Клиничка болница Тетово.