Ќе стане ТВ-водителка на временска прогноза: Се сеќавате ли на медицинската сестра во бикини меѓу болни од корона – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 8:45 AM

Ќе стане ТВ-водителка на временска прогноза: Се сеќавате ли на медицинската сестра во бикини меѓу болни од корона

Медицинската сестра во болницата во Тула, центрана Русија, која пред некоку месеци стана сензација на Интернет откако се појавија фотографии како меѓу пациентите заболени од коронавирус работи во проѕирно заштитно одело преку кое и’ се гледа долната облека, добила деловна понуда што не се одбива, пренесува „Еспресо“.

Медицинската сестра Наѓа Жукова (23) ќе стане водителка на временска прогноза на телевизиска станица во Тула. Секој ден ќе извества за временските прилики, но, како што вели, нема да се откаже ни од работата како медицинска сестра. Претходно и’ беше понудено да биде и модел на руски бренд за спортска облека, но ја одбила таа понуда.

Наѓината фотографија во долна облека во болницата го обиколи светот, ама  сестрата доби укор од здравствените власти, на што реагираа многумина, сметајќи дека младата медицинска сестра придонесува за разведрување на расположението на болните.