САД обвини кинески конзулат за скривање жена-припадник на Народноослободителната војска на Пекинг – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 7:07 AM

САД обвини кинески конзулат за скривање жена-припадник на Народноослободителната војска на Пекинг

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави (САД) и официјално го обвини кинескиот конзулат во Сан Франциско дека ја крие познатата жена-бегалец, истакнувајќи дека таа е таен припадник на Народноослободителната војска на Пекинг (PLA), пренесува Анадолија (АА).

Јуан Танг останува во диплокатската зграда откако ФБИ ја испрашал на 20 јуни поради сомнеж за измама со визи, изјавија од Министерството за правда. Танг наводно одговорила „не” на прашањето во нејзината апликација за виза за тоа дали некогаш служела војска, но ја обвинуваат дека е униформирана офицерка на воздухопловството на PLA. Според кривичната пријава, ФБИ пронашол нејзина фотографија во воена униформа и референци за нејзино вработување на Вено-медицинскиот универзитет на воено воздухопловство.

ФБИ исто така пронашол уште една нејзина фотографија во воена униформа во електронските медиуми кога е извшел налогот за претрес.

Три други лица обвинети се за измама со визи – Џин Ванг, Чен Сонг и Каикаи Жао – приведени се под обвинение дека лажеле за својот статус во рамките на PLA пред да стигнат во САД како универзитетски истражувачи.

„Овие припадници на кинеската Народноослободителна војска се пријавија за истражувачки визи скривајќи ја вистинската припадност на PLA”, наведе во соопштението помошник на генералниот обвинител за национална безбедност Џон Демерс и додаде:

„Ова е уште еден дел од планот на Комунистичката партија на Кина да го искористи нашето отворено општество и да ги експлоатира академските институции. Ќе продолжиме да ја водиме оваа истрага заедно со ФБИ.”