Eрдоган ја посети Аја Софија, пред таа денес да ја има првата богослужба како џамија – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 6:52 AM

Eрдоган ја посети Аја Софија, пред таа денес да ја има првата богослужба како џамија

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вчера ја посети Аја Софија, која денеска, по 86 години, ќе биде отворена за богослужба, со клањање на петочната молитва (џума намаз), јавува агенцијата Анадолија.

Турскиот суд на 10 јули ја поништи одлуката на некогашната влада во земјата со која на 24 ноември 1934 година на Аја Софија ѝ е доделен статус на музеј. Со чинот на поништување на спомнатата одлука, на Аја Софија ѝ е вратен статусот на џамија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по враќањето на статусот на џамија на Аја Софија, најави дека првиот заеднички намаз во оваа џамија ќе биде на 24 јули.

Како една од најпосетените туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија од 1985 година се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО.