Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од земјата ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 37 степени. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува сончево време со пораст на температурите.



