Читателите на книги, особено оние од возрасната популација, живеат подолго. Книгите имаат подобар ефект од весниците. Во едно американско истражување посветено на навиките за читање, учествувале 3635 лица постари од 50 години. Потоа, овие испитаници биле набљудувани во текот на следните 12 години. Духовната активност биле проценувана преку когнитивни тестови, а податоците за смртта биле преземени од националниот регистер. Во групата читатели на книги доминирале жени, луѓе со повисоко ниво на образование и подобар финансиски статус.
Паралелно биле испитувани и луѓе со навика за читање на ревијалните изданија на весниците. Учесниците во оваа студија односно во истражувањето, поминувале просечно по 3,9 часови со книга и 6,1 со ревијални изданија.
Едно поглавје дневно ја намалува смртноста за 23 проценти
Резултатите покажале дека во периодот на набљудување, починале 33 проценти од лицата кои не читале книги и 27 проценти од читателите. Со ова, била откриена поврзаност меѓу продолжувањето на животот и „дозата“ односно должината на времето поминато со книга. Смртноста се намалила за 11 проценти кај луѓето што читале до 3,46 часа дневно, а кај оние кои тоа го правеле повеќе од 3,5 часа, дури за 23 проценти.
Истражувањето открило позитивна врска помеѓу читањето книги и самоосознавањето. Очигледно, книгите го „кревале“ духот повеќе од публикациите во списанијата, а тоа, според мислењето на авторите, имало ефект врз продолжување на животот.
Се претпоставува дека читањето книги предизвикува когнитивни процеси кои овозможуваат опстанок. Интензивното читање поттикнува ментална агилност и буди емпатија, ја негува социјалната перцепција и емоционалната интелигенција. Сите овие фактори заедно можат да имаат корисен ефект врз подолг животен век.
Пишува: Mihael Akerman
Извор: krenizdravo.hr


