Се’ за храна: 6 намирници кои се најефикасни чистачи на организмот од токсини – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 7:58 PM

Се’ за храна: 6 намирници кои се најефикасни чистачи на организмот од токсини

Кога станува збор за чистење, односно детокосикација на организмот од штетни материи, храната е најдобар лек. Ви откриваме 6 намирници кои се најефикасни чистачи на организмот од токсини и отрови!

За да ги прочистите цревата, црниот дроб, бубрезите и кожата, и да ги спречите штетните материи да предизвикаат поголема штета, не треба да применувате исцрпувачки детокс третмани. Доволно е да јадете одредни намирници кои имаат таква моќ да го прочистат телото од токсини.

Лук

Консумацијата на лук на прво место ги неутрализира шетните бактерии, цревните паразити и вируси во телото, особено во цревата и стомакот. Лукот помага да се исчистат од наталожените фекалии, а благодарение на антиоксидантните својства му помага на телото да се избори со штетните материи.

Грејпфрут

Како и јаболката и грејпфрутот е богат со пектин, растителни влакна кои се врзуваат за холестеролот и тешките метали во организмот и на тој начин помагаат во нивното отстранување. Содржи и антивирусни својства со чија помош организмот полесно ќе се одбрани од сезонските вируси.

Кељ

Претставува една од најздравите намирници на светот кои поседуваат силни антиганцерогени својства и дејствуваат како моќен антиоксидант. Изобилува со растителни влакна и исто како и зелката ги неутрализира штетните компоненти од чадот од цигарите.

Мешунки

На прво место изобилуваат со растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестеролот, ги прочистуваат цревата и го регулираат шеќерот во крвта. Мешунките го заштитуваат организмот од канцерогени заболувања.

Лимон

Лимонот е одлично средство за детоксикација на црниот дроб, бидејќи содржи голема количина на витамин Ц, кој му е неопходен на организмот да произведи глутатион кој му помага на црниот дроб да се ослободи од отровите и штетните супстанции. За најдобар ефект, консумирајте го сокот од лимон на утро со чаша топла вода.

Јаболко

Ова вкусно и здраво овошје изобилува со пектин. Пектинот претставуваат одреден вид на растителни влакна кои се врзуваат за холестеролот и тешките метали во организмот и на тој начин ги елиминира сите отрови, и ги чисти цревата.

Преземено од: sezahrana.mk