Работна средба на директорот на БЈБ, Тасевски со претседателот на полицискиот президиум на Чешка, Јан Швејда – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 5:31 PM

Работна средба на директорот на БЈБ, Тасевски со претседателот на полицискиот президиум на Чешка, Јан Швејда

Делегација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот Сашо Тасевски, денеска имаше работен состанок во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” со претседателот на полицискиот президиум на Чешката Република, Јан Швејдар и со чешкиот амбасадор во земјава Мирослав Томан, информираат од МВР.

На работниот состанок е изразена благодарност за поддршката од Чешка, особено од чешкото Министерство за внатрешни работи и полицијата, како и за присуството на чешките полициски службеници на јужната граница, кои учествуваат во заеднички операции за зголемен надзор.

Исто така на овој работнен состанок се разговарало и за состојбата со илегалната миграција, бројот на успешно откриените случаи на криумчарење мигранти и откриени мигранти, како на самата граница, така и во нашата држава. На состанокот е потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката и во останатите области од заеднички интерес.