10 години од формирањето на „ One direction “ – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 4:59 PM

10 години од формирањето на „ One direction “

One Direction е британско-ирска музичка група формирана во Лондон, 2010 година во состав на Лиам Пејн, Најл Хоран, Зејн Малик  ,Хари Стајлс и Луи Томлинсон.

Членовите на бендот се соединија по учество во британското талент шоу „Икс фактор“. На предлог на жирито, од петмината создадена е група, чие натпреварување заврши со освојување на третото место. По шоуто групата потпишува договор со издавачката куќа на Сајмон Кауел. Како резултат на овој договор, издаден е првиот сингл What makes you beautiful во септември, 2011 година , а во новември истата година момците го издаваат и првиот албум под името Up all night. Дебитанскиот албум зазема прво место во петнаесет земји.

По повод десетгодишнината, Хари Стајлс, сега веќе самостоен вокалист твитна „ Ве сакам многу, не можам да бидам погорд на тоа што го постигнавме заедно “.

 

На официјалната страна од бендот на Twitter, момците објавија и видео-компилација од најдобрите моменти изминатите 10 години.