Скопската зоолошка е живеалиште на алпаки и двогрба камила – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 4:04 PM

Скопската зоолошка е живеалиште на алпаки и двогрба камила

Скопската зоолошка градина е збогатена со нови видови на животни. Изминатата недела пристигнаа алпаките кои се јужноамерикански животни и наликуваат на мини лами. Претежно живеат во  Чиле, Перу, Боливија, на Андите и се прилагодени и на високи и ниски температури.
Тие се чуваат и како домашни миленици, бидејќи се припитомени.

Алпаки пристигаа во скопската зоолошка градина

 

Скопската зоолошка градина живеалиште е и на двогрбата камила Карлос, кој треба да ја  пречека и својата другарка наскоро.

двогрбата камила  Карлос пристигна во ЗОО Скопје

фото : Facebook