Лекарите, психолозите и родителите откриваат некои од најдобрите стратегии како на малите деца да им ја воочите важноста за носењето на заштитните маски.
Поради глобалната пандемија корона вирусот носењето заштитни маски е од голема важност во спречување за ширње на Ковид 19.
Стручните лица даваат совети како да ги убедите најмалите да ги носат заштитните маски.
Секое дете е различно, што значи дека родителите треба да размислат за тоа како нивното дете може да се носи со новата обврска, носење маска на лице.
„Родителите би требало да си постават прашања пред да се обидат да одредат стратегија да ги убедат нивните деца за важноста од носењето на заштитните маски“, вели педијатарот Џенифер Скиола.
Што е најважно за моето дете? – Како да ја разбере информацијата? – До која мерка моето дете може да биде анксиозно поради носење маска?
Помалите деца може и да се исплашат кога ќе ги видат останатите луѓе со маски, бидејќи немаат способност да ги препознаваат лицата.
Родителите не може да очекуваат нивните деца да сфатат зошто треба да се носат заштитни маски. Со тоа мора да им се објасни со разбирливи зборови и поими.
„На децата од предшколска возраст можете да им објасните дека корона вирусот е негативна појава и дека луѓето мора да дадат се од себе за да ги заштитат белите дробови и тело од Ковид 19. Треба да бидете смирени со нив за да тие сфатат дека носењето маски не е само поради нив, туку и за другите“, вели Лиза Суарез, доцент по клиничка психијатрија на Универзитетот Илиноис во Чикаго.
Таа вели дека корисно на децата да им се пристапи со следниве реченици:
„Маските за лица ги намалува шансите да ги заразиме другите“
„Ако сите носиме маски, ќе се заштитиме меѓусебно“
Маки Кактуси, мајка на три деца, се сложила со овој совет.
„Сите се научени да носат маска кога се болни, важно е на децата да им се објасни дека не сакате вирусот да го пренесете на други“, изјавила таа.
Друг начи да ги натерате вашите деца да носат маски е им дозволите сами да ја одберат маската. Децата сакаат маски во бои, со цветови, животни, диносауруси и други интересни дезени за децата.
Исто така може да ги инспирирате сами за себе да направат маски.
„Мора да бидете истрајни во својaта цел и носењето маска да ја претворите во игра“, препорачува детскиот психолог Гаил Робертсон.
Можете да направите маски и за куклите на вашите деца со цел и тие да станат дел од нивното нормално опкружување.
Преземено од: https://stil.kurir.rs/