Со Макрон сме скромен и едноставен пар, открива Брижит Макрон – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 3:21 PM

Со Макрон сме скромен и едноставен пар, открива Брижит Макрон

Тврди дека е потполно некомпетентна за политика и дека се труди да ја држи подалеку од себе.

Сопругата на актуелниот француски претседател Емануел Макрон во интервју ја отворила својата душа и раскажала се за својот живот со претседателот на Франција, но за тоа што се прави за да ја оправда улогата на прва дама, а исто така се осврнала на прашањето за влијание врз нејзиниот сопруг, кој постојано е во фокусот на јавноста.

Интервјуто е објавена на FranceInfo и еден од ретките медиуми за кој Брижит Макрон ја прифатила поканата.

„Ја имам таа обврска кон луѓето во Франција, и мислам дека истата морам да ја исполнам. Се правам со срце и не велам дека секогаш тоа го правам добро, но срдечноста не можат да ми ја забележат. Ако нешто сум погрешила, однапред ви се извинувам“, изјавила Брижит.

Сегашната прва дама на Франција, некогаш била учителка, така и го запознала нејзиниот сегашен сопруг. Понекогаш таа знае да одржи час по француски јазик. Во ова интервју ја прашале и за нејзино вклучување во секторот образование, како и несебичната поддршка на здравствените работници.

На прашањето дали во тие области вклучувала луѓе од нејзиниот приватен живот за да влијае врз одлуките на нејзиниот сопруг, таа едноставно одговорила дека сето тоа е премногу комплицирано.

„Кога луѓето ќе ме прашаат за моето влијание врз сопругот и влијанието на нашиот однос, јас велам дека е во иста мерка во која и тој има влијание врз мене. Но тука не може ништо да се мери“, открила Брижит и додала дека се труди да ја чува политиката понастрана од себе.

„Ниту сум наклонета, ниту сум компетентна за неа. Во какво својство би влегла во политика? – Со кој капацитет јас би понудила водство? –Луѓето мислат дека ја имаат моќта што ја немаат, а можеш да направиш работи кои всушност не можеш, била искрена првата дама, додавајќи како во приватниот живот, Емануел и таа се едноставен и обичен пар.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/