Пијана беровка дивеела по кафуле, во државен карантин завршил жител на Уларци – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 2:41 PM

Пијана беровка дивеела по кафуле, во државен карантин завршил жител на Уларци

Во билтенот на СВР Штип е регистриран случај на 31-годишна жена од Берово, која во алкохолизирана состојба го нарушувала јавниот ред и мир со викање на висок тон во угостителски објект во Берово.

-При тоа, М.Н.агресивно се однесувала кон полициските службеници.  По комплетирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува СВР Штип.

Жител на кочанското селот Уларци, кој требало да биде во замоизолација, завршил во државен карантин.

-На 22.07.2020 од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани, а врз основа на решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена во објект определен од Владата бил спроведен З.Н.(45) од неговиот дом во село Уларци до хотел во Скопје, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови, информираа од полицијата.