Група еко-активисти доцна попланденвно ќе организираат протест насочен против палењето на регионалната депонија Русино и нејзиното функционирање. Граѓанската иницијатива сака да го сврти вниманието на јавноста и институциите од ризикот што го прави неконтролираното депонирање на смет близу Гостивар.
Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ закажа мирен протест кој ќе се одвива како дефиле со автомобили и транспаренти по повеќе градски улици. Протестот, втор од ваков вид е инициран од палењето на отпадот на депонијата и зголеменот загадување на воздухот. Еко-активистите бараат и дислокација на регионалната депонија Русино, со што како што велат ќе се стави крај на труењето на гостиварци и несосвесното работење на комуналните претпријатија и надлежните државни власти.
Од пред година ипол заради проблемите со депонијата и преку странски фондации беше најдено решение да се формира заедничко претпријатие на девет општини. Депонирањето и собирањето на комуналниот смет влезе во проект што го финсира швајцарската агенција за развој. Од полошкиот плански регион потврдија дека се доцни со постапката на формирањето на претпријието кое ќе управува со отпадот.
-За да се назначат луѓето раководните органи, потребно е зелено светло од општинските совети. Тие, од март не заседавале, вели Славко Костоски од полошкиот плански регион задолжен за овој проект и појаснува дека предлог одлуките се испратени до сите девет совети.
Со новото претпријатеие треба да се набават контејнери за сите девет општини, да се подобрат условите во депонијата Русино, спречување на загадувањето на почвата и подземните води. Да се направат системи за рециклирање и селекција на отпад, камиони.. Овие активности треба да ги спроведува заедничкото претпријатие кое сé уште не е формирано.
Еко активистите не се стрпливи тие вечер повторно ќе седнат во автомобили и ќе протестираат. Бараат депонијата Русино да се затвори и да не виси како закана врз здравјето на гостиварци.