Банкарски службеник од Кочани му украл 500 евра на пензионер – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 2:31 PM

Банкарски службеник од Кочани му украл 500 евра на пензионер

Пензионер вчера во полиција пријавил дека шалтерски слуќбеник во банка „си присвоил“ 500 евра. -На 22.07.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(66) од Кочани, пријавил дека на 16.07.2020 околу 08.30 часот шалтерски работник во банка во Кочани искористувајки ја својата службена положба, ги пречекорил границите на своето овластување на  начин што при исплата на пензија повлекол 500 евра од девизна сметка на коминтент на банката, при што на С.С. му дал да потпише налог за исплата во износ од 500 евра без да му ја врачи повлечената сума. Се работи на расчистување на случајот, соошшти СВР Штип.