На денеска одржаниот состанок на Кризниот штаб при Општина Тетово за борба и превенција, констатирано е дека до денес во Тетово и околните општини, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид – 19 е 954. Од овој број досега излекувани се вкупно 557 лица, а 67 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5-те околни општини е 330.
Според општините, вкупниот број на лица дијагностицирани со ковид19, од почетокот на пандемијата до денес, е по следниот редослед:
– општина Тетово 592
– општина Боговиње 94
– општина Теарце 89
– општина Брвеница 54
– општина Јегуновце 57
-и општина Желино 68 заразени;
-Иако имавме континуирано зголемување на бројот на заразени, во однос на пред еден месец бројот на активни случаи на Ковид 19 во општина Тетово и 5-те околни општини е намален и тоа од 390 бројка од 22.06.2020 на 330 случаи активени до денес. Клиничката болница во Тетово во моментов има капацитет да ги опслужи пациентите на кои им е потребна медицинска помош, иако повеќето од активните случаи се со полесни симптоми и се лекуваат дома. Исто така СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат вршат зголемени контроли во однос на почитувањето на мерките за заштита на здравјето на граѓаните,вели Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.
Од Кризниот штаб уште еднаш повикуваа на почитување на мерките со одржување на физичка дистанца, носење заштитна маска во затворено и со многу луѓе и навреме да се извести матичниот лекар доколку се забележат симптоми како треска, сува кашлица или губење на здив.
– Ги повикуваме сите граѓани да се воздржат од разни собири и семејни забави каде не се почитува растојанието и има повеќе од 50 лица. Вирусот сè уште е меѓу нас и тој дефинитивно одзема човечки животи, повикаа од Кризниот штаб на Тетово.