Министерот за Образование и наука, Арбер Адеми, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
Тој напиша дека по неколку благи симптоми отишол да се тестира и добил позитивен резултат.
https://www.facebook.com/arberademi.1/posts/2729978717245801
Адеми ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите и на тој начин да се заштитат себеси и своите најблиски.
Вчеравечер дека е позитивен на коронавирусот објави и неговиот сопартиец од ДУИ, министерот за економија Крешник Бектеши.