-Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин Дом? Е, токму во таа зграда Ивица Коневски има стан и деловен простор над 350 метри квадратни. Патем, во истата зграда има стан и кумот на Златко Марин, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски,
Ова портпаролот го напиша по денешната преписка на поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски и неговата матична партија ВМРО ДПМНЕ. Коневски побара смена на раководството на партијата и заминување на Христијан Мицкоски.
-Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ. Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4.000 гласови“, напиша Стоилковски.
По ова Коневски до медиумите со обрати со соопштение, во кое се обраќа до Мицкоски.
-Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата. По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене. Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ. Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата, напиша Коневски.
Преписката Коневски ја дополни со најава за тужба до Стиолковски.
-Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини.Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување, соопшти Коневски.