Телма и АВМУ се објаснуваат кој е цензор, а кој ја манипулира јавноста – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 11:08 AM

 Телма и АВМУ се објаснуваат кој е цензор, а кој ја манипулира јавноста

Дали ТВ Телма сепак го прекршила изборниот молк со емитување на изјава од министерот за здравство Венко Филипче сега е предадено на одлучување на Апелациониот суд од Скопје, каде жалба поднесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). По поднесувањето на прекршочна пријава од АВМУ, Основниот суд Скопје пресуди дека неоснована е пријавата и дека Телма не го прекршила законот, со тоа што објавила информации од јавен интерес.

Телма напиша дека со потегот, АВМУ сака да биде уредник во медиумите:

Користејки квалификации и невистини за уредниците во Телма и самиот медиум , АВМУ се жали пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда за Телма. АВМУ меѓу останатите докази во жалбата пред апелација, поднесува и записник од седница на советот. Од она што се гледа во записникот, директорот Трајчевски им раскажувал на колегите телефонски разговори со уредници во Телма, според кои тој, неточно ја интерпретирал содржината на разговорите и инсинуирајки дека Телма ја емитувала изјавата под политички притисок, без ваквиот став да го поткрепи со било  каков доказ.Пред советот Трајчевски рекол дека цитирам ,, имало пријава од директорот на една  од 5 те национални телевизии дека во понеделникот на 13 ти јули е вршен жесток притисок  од владеачката партија врз медиумите  пресот на Филипче да биде објавен во вестите,затоа  што  ќе им донело големи политички поени.

-Факт е дека  Лупевска и Трајчевски разговарале телефонски но тоа се случи наредниот ден а не на денот на објавувањето на прилозите, што јасно се гледа и од листингот на телефонот. неточно е и тврдењето дека изјавата на филипче е пуштена поради политички притисок туку телма се водеше исклучиво од  јавниот интерес, а овој став го зазема и основниот суд скопје 1 со ослободителната пресуда, е ставот на ТВ Телма.

На ова реагираа од АВМУ:

Согласно Изборниот законик, за време на изборен молк не смеат да се емитуваат изјави од носители на функции во органите на власта и информацијата наместо од министерот кој воедно активно учестуваше во кампањата на Коалицијата „Можеме“ на средби со граѓани и во рекламни спотови, можела да биде пренесена на друг соодветен начин кој би бил во согласност со одредбите на Изборниот законик, како што тоа го направија другите радиодифузери. Со посочувањето дека Агенцијата го квалификува настанот каде се појавува министерот Венко Филипче како „’измислен’ и им сугерира на медиумите настанот да го емитуваат по изборите“ јавноста се доведува во заблуда. Телевизијата презентираше делумна информација со што ги изврти фактите. Имено, во записникот чии извадоци објави Телма посочена е изјавата на директорот дека за време на изборниот молк, Телма можела да извести „за бројот на новозаразени, починати и оздравени од коронавирусот без притоа да го даваат тонски и со слика министерот Филипче“, додека по изборниот молк можел да се емитува делот од информацијата за отварањето на регионални КОВИД-центри најавени од  септември, пишува АВМУ во денешното соопштение.